Линкови за пристапност

Клубот е нелегитимен, тоа е обична канцеларија, рече градоначалникот на Благоевград за отворањето на „Никола Вапцаров“


Клубот е нелегитимен затоа што местото на кое се одржа собирот не одговара на законот за просторно планирање каде не се предидува културен центар, изјави градоначалникот Илко Стојанов
Клубот е нелегитимен затоа што местото на кое се одржа собирот не одговара на законот за просторно планирање каде не се предидува културен центар, изјави градоначалникот Илко Стојанов

„Тоа е обична канцеларија, неговото отворање е нелегитимно“, ова е ставот на локалната власт во Благоевград каде вчера беше промовиран македoнскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

„Клубот е нелегитимен затоа што местото на кое се одржа собирот не одговара на законот за просторно планирање каде не се предидува културен центар. Повеќе би рекол дека тоа е канцеларија во која луѓето се собираат на прватна основа“, изјави денеска за бугарските медиуми градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов.

На чинот на отворањето, кој помина во тензична атмосфера поради протест на бугарски граѓани и под силно полициско присуство, не присуствуваа владини претставници, но дојдоа лидерите на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица Мицкоски и Апасиев.

Ова беше доволен повод за нови меѓупартиски препукувања за начинот на кој се менаџираат прашањата и односите со Бугарија, со која релациите во последниот период дополнително се оптоварени со неколкуте бугарски клубови со проблематични имиња, кои се отворија во земјава.

„ВМРО-ДПМНЕ е директно поврзана со бугарските клубови отворени во Битола и Охрид, кои носат имиња на контроверзни и провокативни историски личности, го потврдува континуитет на опозициската партија со Ванчо Михајлов и се гордее со него. Самиот Мицкоски го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ во своето делување со Ванчо Михајлов, соработник на Третиот рајх“, се вели во соопштението на СДСМ.

На одговор од ВМРО-ДПМНЕ многу не се чекаше.

„СДС е партијата која потпиша предавнички договор со Бугарите, и се смета за побугарска и од најбугарската партија. Во напорот да бидат поголеми Бугари од Бугарите нека не заборават ова е 2022 година, и народот гледа се` и добро знае и не смее да се потценува“, вратија од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта и опозицијата се скараа за клубот во Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

Додека власта и опозицијата, наместо да соработуваат за клучните прашања, ја продолжуваат практиката на меѓусебни обвинувања, меѓународната заедница повторно апелира на здружување на напорите, особено за исполнување на европската агенда.

„Одржлив напредок во процесот на пристапување е можен само усвојувањето и имплемнтацијата на ЕУ реформите е државен проект вклучувајќи ја и власта и опозицијата, сите државни институции, граѓанскиот сектор и бизнисот“, вели Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ.

Едно од главните барања на опозицијата се предвремени избори. Премиерот Димитар Ковачевски им одговори дека тоа сега не е приоритет.

„Изборите ќе бидат во редовниот термин – 2024 година. Во овој момент државата е исправена пред голема економска и енергетаска криза, но пред нас е и процесот на скрининг со ЕУ“, рече Ковачевски.

Брисел, токму заради ЕУ иднината на земјата, повикува на помирување и, како што наведе во европскиот извештај, „власта и опозицијата заедно и конструктивно да функционираат во парламентот и да се фокусираат на конкретни чекори во преговарачкиот процес“.

Засега, тоа не се случува.

XS
SM
MD
LG