Линкови за пристапност

Речиси 400 мигранти од Грција спречени да влезат нелегално во Македонија


Во соопштението на полицијата се вели дека се работи за вкупно 389 мигранти, повеќето од Сирија и Авганистан, објави АП
Во соопштението на полицијата се вели дека се работи за вкупно 389 мигранти, повеќето од Сирија и Авганистан, објави АП

Полицијата во Северна Македонија вчера соопшти дека речиси 400 мигранти биле спречени илегално да влезат во земјата од соседна Грција во изминатите четири дена за време на заедничката операција предводена од агенцијата за спроведување на законот на Европската Унија Европол, објави АП.

Во соопштението на полицијата се вели дека вкупно 389 мигранти, повеќето од Сирија и Авганистан, биле вратени назад во Грција од 25 до 29 октомври, откако биле забележани во граничната област меѓу двете земји.

Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски, во интервју за „Сител“ изјави дека во првите девет месеци од 2022 година, обидите за илегален премин од Грција се зголемени за 7 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Според полицијата, балканската рута за мигранти кон попросперитетните земји на ЕУ на север повторно стана поактивна оваа година бидејќи многу балкански земји ги укинаа ограничувањата за патување воведени за време на пандемијата на коронавирус.

Полицијата соопшти дека операцијата предводена од Европол, била спроведена за сузбивање на недозволената трговија со огнено оружје и дрога, како и илегалната миграција.

Во операцијата, покрај членки на ЕУ, учествуваа и неколку земји од Западен Балкан. Беа вклучени и агенти од агенцијата за заштита на границите на блокот Фронтекс.

ЕУ претходно оваа недела потпиша договор со Македонија за распоредување офицери од Фронтекс во државата.

XS
SM
MD
LG