Линкови за пристапност

Лула победи на претседателските избори во Бразил


Екстремниот десничар Болсонаро не го призна поразот
Екстремниот десничар Болсонаро не го призна поразот

Поранешниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва го победи актуелниот претседател Жаир Болсонаро во вториот круг од претседателските избори во Бразил вчера.

Да Силва имаше 50,9 отсто од гласачките ливчиња со 99,9 отсто преброени гласови. Изборните претставници рекоа дека победата на Лула е математичка сигурност.

„Тие се обидоа да ме закопаат жив и еве ме“, рече вчера новоизбраниот претседател да Силва.

Екстремниот десничар Болсонаро не го призна поразот. Сепак, еден ден пред гласањето во вториот круг, тој рече:

„Нема ни најмало сомневање. Кој има повеќе гласови, ги зема изборите“.

Додека да Силва е нашироко познат по тоа што извлече милиони Бразилци од сиромаштија за време на неговиот претседателски мандат, мандатот на Болсонаро беше обележан со неговата екстремно десничарска политика, неговото исмејување на коронавирусот, уништувањето на прашумите во Амазонија и неконтролираната инфлација.

Да Силва вети дека ќе го подобри системот за социјална заштита во земјата и ќе формира министерство за да ги реши грижите на домородното население во земјата, но сето тоа може да биде тешка битка со конзервативците во Конгресот на Бразил.

Победата на 77-годишниот да Силва е неверојатен пресврт на настаните за поранешниот претседател кој беше на чело на земјата од 2003 до 2010 година. Тој потоа беше во затвор 18 месеци поради обвиненија за корупција, но тие обвиненија подоцна беа отфрлени од Врховниот суд.

Американскиот претседател Џо Бајден му честиташе на да Силва за неговата претседателска победа, „по слободни, фер и кредибилни избори“.

Американскиот лидер рече дека со нетрпение очекува да продолжи соработката меѓу „нашите две земји во месеците и годините што следат“.

Францускиот претседател Емануел Макрон во честитката објавена на Твитер рече дека двајцата лидери „ќе ги обноват врските на пријателството меѓу нивните земји“.

XS
SM
MD
LG