Линкови за пристапност

Тие кои се против уставни измени се на линија на радикалните структури во Бугарија, рече Османи


Власта, доста внимателно, ја најавува наредната фаза неопходна за продолжување на евроинтеграциите – промената на уставот.

По повиците на премиерот упатени до опозицијата, без чии гласови нема уставни измени, за обединување во име на ЕУ иднината на земјата, шефот на дипломатијата денеска објаснуваше дека противењето на промена на уставот значи поддршка на, како што изјави, најрадикалните структури во Бугарија.

„Прво да ги убедиме граѓаните, мислам дека граѓаните се` повеќе разбираат дека пропагандата одолу 19 јули беше неоснована, дека јазикот ќе изчезне, дека се продадени националните интереси итн... Граѓаните се повеќе разбираат што добиваат. Добивме почеток на преговори, добивме заштитени идентитетски атрибути и уставни измени кои уште повеќе ги штитат тие идентитетски атрибути затоа што за првпат, уставно, се дефинираат двете заедници како мнозинска и малцинска што е спротивно на позициите на најрадикалните структури во Бугарија, кои се против уставните измени зашто сметаат дека не треба да има разлика меѓу мнозински и малцински народ. Значи, тие кои се против уставни измени е на линија на радикални структури во Бугарија. Мора да направиме општествен договор дека 2030 година е годината кога ќе станеме членка на ЕУ. Ние може да се минираме едни со други, но ние ќе ја минираме нашата агенда за 2030. И тоа треба секој од сопствена, од перспектива на своите деца да го пресмета“, рече Османи.

XS
SM
MD
LG