Линкови за пристапност

Економијата на САД порасна со годишна стапка од 2,6%


Џером Пауел предупреди дека зголемувањата на ФЕД ќе донесат „болка“ во форма на поголема невработеност и можеби рецесија.
Џером Пауел предупреди дека зголемувањата на ФЕД ќе донесат „болка“ во форма на поголема невработеност и можеби рецесија.

Економијата на САД порасна со годишна стапка од 2,6% од јули до септември, прекинувајќи два последователни квартали на економска контракција и надминувајќи ги казниво високите инфлации и каматни стапки, објави Асошиејтед Прес.

Проценката од четвртокот на Одделот за трговија покажа дека бруто домашниот производ на нацијата - најширокиот мерач на економско производство - порасна во третиот квартал откако се намали во првата половина на 2022 година и помогна да се врати растот на најголемата светска економија.

Сепак, изгледите за економијата во САД се замаглени. Федералните резерви агресивно ги зголемија каматните стапки пет пати оваа година за да се справат со хроничната инфлација и треба да го направат тоа повторно следната недела, и во декември.

Џером Пауел предупреди дека зголемувањата на ФЕД ќе донесат „болка“ во форма на поголема невработеност и можеби рецесија. Последниот владин извештај за БДП доаѓа кога Американците, загрижени за инфлацијата и ризикот од рецесија, ќе гласаат на делумните конгресни избори кои ќе одредат дали Демократската партија на претседателот Џо Бајден ќе ја задржи контролата врз Конгресот.

Инфлацијата стана најголемо оружје во републиканските напади врз управувањето на економијата од страна на демократите.

XS
SM
MD
LG