Линкови за пристапност

Две третини од новинарите имаат потпросечни плати, вели ССНМ


Иако ЕК неодамна објави дека постои поволна клима во делот на слободата на медиуми која дозовлува критичко известување, сепак уште има пракса на притисоци врз новинари, вели претседателот на ССНМ Павле Беловски
Иако ЕК неодамна објави дека постои поволна клима во делот на слободата на медиуми која дозовлува критичко известување, сепак уште има пракса на притисоци врз новинари, вели претседателот на ССНМ Павле Беловски

Условите за работа на новинарите не се на завидно ниво, две третини од нив се со потпросечни плати, 63 отсто сакаат да ја напуштат професија, секоја година се намалува бројот на запишани студенти на факултетот за новинарство – покажуваат истражувањата на Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Од оваа организација се согласуваат со наодите во неодамна објавениот извештај на ЕК дека постои „поволна клима во делот на слободата на медиуми која дозовлува критичко известување“, но и дека се` уште има практика на притисоци врз новинари која пак резултира со автоцензура.

„Се` уште имаме најразлични притисоци, се уште имаме медиуми кои не ја ценат работата на новинарите, платите во просек се ниски, недоволни за безбедно и безгрижно работење. Автоцензурата во добар дел од медиумите се уште е присутна. Но, тоа секако е дел од работата и постојана борба, битка која не може да се извојува еднаш засекогаш, тоа е процес. Во исто време, мораме да кажеме дека и покрај слабата доверба во медиумите и покрај нападите врз новинарите и медиумските работници, во последните години сведоци сме на изблици на многу квалитетни новинарски производи, па дури и на ситуации во кои, иако ретки, новинарската работа предизвикала и реакција на институциите“, вели Павле Беловски, претседател на ССНМ.

Друго сериозно прашање, кое е и глобален проблем, се онлајн нападите врз новинарите.

„Би рекол дека Македонија можеби и предничи во овие негативни трендови“, вели Беловски.

„Уште понизок удар за медиумските работници се зачестените онлајн напади. Велам напади, а мислам на закани по животот, навреди и безочни клевети. Сексистички прозивки за наши колеги. Онлајн просторот е местото каде ќе ни требаат нови победи. Но, за овој аспект ЕУ е исправен пред поголем предизвик особено по гласните најави за нови концепти за саморегулација или, пак, благи регулативи. Ваквиот концепт на сеопшта слобода на интернетот не само што е узурпиран од лажните вести и најразличните кривични дела со кои се соочуваат медиумите и граѓаните, туку се поинтензивно ги урива демократсктие темели на општествата. Македонија не е исклучок, туку и прединачи со сите овие аномалии.“

Синдикатот, кој веќе 12 години ги застапува, претставува, унапредува и заштитува професионалните и економските интереси на новинарите и медиусмките работници, гледа неколку точки кои ги смета за приоритетни во наредниот период.

„Економската неизвесност и натаму е предизвик за новинарите и медиумските работници, а фокусот треба да остане на напорите за унапредување на нивните работнички и социјални права. Предизвик и натаму остануваат работничките и социјалните права на новинарите и медиумските работници, одново впечаток изрзен од ССНМ. ЕК нотира дека е потребно подобрување на дијалогот на синдикатите со Владата, со цел да се изнајдат прифатливи решенија за сите прашања, како што се големиот број договори на определено и на половина работно време, без социјално и здравствено осигурување“, вели Беловски.

Европската комисија во извештајот, во делот за слободата на медиумите, наведува неколку точки на кои земјата треба да се фокусира во наредниот период.

Една од тие точки е брзо адресирање на сите закани и случаи на насилство врз новинари и изведување на одговорните пред правдата.

XS
SM
MD
LG