Линкови за пристапност

Македонската економија со најнизок раст во регионот


Не се исклучува можноста од краткотрајна рецесија . Ќе се намалува извозот но и увозот, инфлацијата ќе се намалува но сеуште ќе има сериозен притисок, јавниот долг ќе продолжи да расте исто како и надворешниот долг. Ова се дел од прогнозите на Светска Банка за Северна Македонија


СКОПЈЕ – Скромни 2,1 процент економски раст за Северна Македонија. Ова е прогнозата на Светска банка (СБ) со што државата е најлошо рангирана во регионот. И во наредните две години нема да има раст поголем од 3 отсто прогнозираат експертите на СБ иако Владата со ребаласот на буџетот предвиде 2022 да се заврши со раст на БДП од 3,2 отсто. Најголем раст во 2022 година има Црна Гора од дури 6,9 отсто.

Според Светска Банка, државата се соочува со највисоката инфлација во последниот период која и натаму ќе биде под притисок и она што е клучно е што експертите не ја исклучуваат можноста од краткорочна рецесија, за која надежите се дека нема да се продлабочува. За придвижување на економијата во државата, потребно е од Владата да се изготват сериозни политики а според експертите на СБ ограчинечите маржи се добра одлука но потребни се повеќе субвенции.

„ Влезните цени кои влијаат на конечната цена се високи и тука можете да ги намалите трошоци туку миоже да го намалуте притисокот. Понатаму се потробни регулаторни реформи за да се зајакне конкуренцијата затоа што некои маржи се многу повисоки. Од друга страна некои се обдуваат со дотур на подреднеи произвбоди па ако се обезбедат и одредени субвекции може би локано да се намалат влезните цени на одредни производи“, изјави Сања Маџаревиќ – Сјустер од Светска банка.

Според извештајот кој беше презентиран денес, Надворешниот долг ќе се зголеми од 79,2 на 84,9 процнети од БДП во 2024 година додека јавниот долг од 50,4 отсто годинава во 2024 година ќе се качи на 52,4 отсто од БДП.

Инфлацијата од сегашните 12,1 отсто за две години ќе се намали на 3 отсто и ќе има намалување на увозот и извозот.

Од Светска банка со сериозни забелеши за работата на Собранието поради нефункционалноста и кочењето на закони и реформи кои се значајни за државата и граѓаните во моментов. За најавените даночни реформи од СБ велат дека треба да се спроведат бидејќи ќе се растеретат посиромашните на сметка на граѓаните кои имаат повисоки плати и приходи.

XS
SM
MD
LG