Линкови за пристапност

Рама во посета на Израел да разговара за сајбернападите од Иран


Албанија ги прекина дипломатските со Иран откако го обвини  за сајбернападот во јули што ги погоди албанските владини веб-страници и служби
Албанија ги прекина дипломатските со Иран откако го обвини  за сајбернападот во јули што ги погоди албанските владини веб-страници и служби

Еден месец откако Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран по кибернетски напад, албанскиот премиер Еди Рама вчера пристигна во тридневна посета на Израел, која вклучува средба со израелски претставници за одбрана од сајбернапади.

Кабинетот на израелскиот премиер Јаир Лапид соопшти дека тој и албанскиот премиер Рама разговарале за заедничките предизвици со кои се соочуваат двете земји, „со акцент на иранската закана“.

Лапид рече дека Израел ќе даде се` од себе да помогне во напорите против Иран, нешто што го гледа „како национален интерес и историска обврска“.

Лапид на Твитер објави фотографија од средбата на израелската делегација со албанската страна на чело со Рама, и рече дека се согласиле дека двете земји „ќе работат заедно во борбата против сајберзаканите што ги носи Иран“.

Албанија ги прекина дипломатските со Иран откако го обвини за сајбернападот во јули што ги погоди албанските владини веб-страници и служби.

Албанија, исто така, го обвини Иран за вториот сајбернапад во септември против полициските компјутерски системи на земјата.

XS
SM
MD
LG