Линкови за пристапност

Утре Скопјани ќе ги немаат денешните проблеми – на улиците ќе има автобуси на ЈСП


Решението дојде попладнето – на вонредна седница на Советот на Град Скопје беше усвоена одлука за пренамена на средства од буџетот за исплата на плата.
Решението дојде попладнето – на вонредна седница на Советот на Град Скопје беше усвоена одлука за пренамена на средства од буџетот за исплата на плата.

„Немој на некој да му падне на памет зошто не си излегол. Тоа е мое право, синдикатот ме повикал. Немој на некој, откако ова ќе заврши, да му текне да тероризира возач, зошто не сме излегле, а сите знаете зошто не сме излегле..“

Вака почна денот, кој поради доцнењето на плата за возачите, ги остави Скопјани без автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие, единствениот, на ниво на целиот град, организиран јавен превоз.

Дел од Скопјани, поголемиот дел од денот наместо да користат автобус, одеа пеш.

Од утре автобуси на ЈСП по улиците за Скопјани
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00

„Важно остануваме на ставот, кога ќе легнат парите излегуваме да возиме...“, изјави Дарко Димовски, претседател на Сојузот на Синдикати на Македонија.

Решението дојде попладнето – на вонредна седница на Советот на Град Скопје беше усвоена одлука за пренамена на средства од буџетот за исплата на плата.

„Ги известивме вработените и веќе сите автобуси на ЈСП се на улиците на град Скопје. Утре ќе легне септемвриската плата.“, истакна Миќо Стојановски, Синдикат на ЈСП.

До постигнување на решението, денот помина во обвинувања – синдикатот тврдеше за притисоци од раководството, а ЈСП врати дека станува збор за самоволие на „дваесетина луѓе кои ги спречуваат останатите возачи да ги вршат работните задачи.“

Но, целото прашање кое резултираше со денешна блокада на јавниот транспорт е покомплексно и има и сериозна политичка димензија. Директорот на ЈСП, кој од неодамна е на функцијата, го назначи градоначалничката Данела Арсовска која пак, во изминатиот период ја прекина соработката со ВМРО-ДПМНЕ – партијата со чија поддршка победи на ланските избори. Сега таа и нејзините политики се на удар и на мнозинството во советот на Град Скопје, кое го води ВМРО-ДПМНЕ, и на локалната опозиција СДСМ.

„Поради неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната градоначалничка, која е заинтересирана само за тендери и провизии, јавниот превоз на функционира. Долгот на ЈСП за само една година е сериозно зголемен. ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го заглавија ова јавно претпријатие и јавниот превоз во Скопје го доведоа во прашање.“, заклучи Васко Кичевски, СДСМ.

„Арсовска да си поднесе оставка бидејќи е неспособна и ги измами гласачите. Арсовска да си поднесе оставка затоа што ги измами гласачите и свесно го уништува Скопје. Арсовска да си поднесе оставка затоа што покажува неспособност“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

На обвинувањата од двете стани одговори градоначалничката на вонредната седница на Советот на град Скопје.

„Да беше градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ овие проблеми ќе ги немаше, зашто и порано се доцнела плата за 5 дена, но никогаш не се случило ова, да се доведе до колапс целиот град само што некој сака лично да се осветува.“, вели Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје.

Утре Скопјани ќе ги немаат денешните проблеми – на улиците ќе има автобуси на ЈСП.

XS
SM
MD
LG