Линкови за пристапност

Животна средина најголеми штедачи, локална самоуправа најголеми трошачи - колку струја заштедија државните институции во септември


Некои министерства успеале да ја намалат потрошувачката на струја и за 70 отсто но некои и покрај препораките ја зголемиле потрошувачката. Рекордер е јавното претпријаите водостопанство со 144 отсто поголема потрошувачка. Во просек општините ја намалиле потрошувачката на струја за 29 отсто. Какви ќе бидат казните допрва ќе се утврдува во Владата



СКОПЈЕ – Речиси два гигабајти струја помалку потрошиле зградите на државните институции и министерства во рамките на препораките нод Влада за намалена потрошувачка на струја кои стапија на сила од 1 септември.

Денеска министерството за економија го објави првиот извештај во кој детално е наведено која државна институцвија, претпријаие или министерство колку потрошило како и општините. Според официјалниоте податоци кои ги презентираше министерот Крешник Бектеши, вкупната заштеда на електрична енергија во септември, споредена со онаа од минатиот септември е 20 отсто, кај државните компани 8 отсто а кај општините 29 отсто.

Гледајќи ги извештаите може да се забележи дека некои министерства далеку го надмнале бараниот праг од намалување од 15 отсто додека некои потрошиле дури двојно.

Од министерствата најголем штедач е за животна средина кое ја намалило потрошувачката за 75 отсто, тренспорт и врски за 43 отсто а потоа следат култура и информатичко општество со 32 отсто. Владата ја намалила потрошувачката за 27 отсто а судовите за 35 отсто.

Меѓутоа тука е министерството за локална самоуправа кое потрошило дури 79 отсто повеќе струја а вкупно осум министерства не го исполниле прагот од 15 отсто намалување.

„Доколку сите дадеме придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, секој со свој личен влог, може да помогне полесно, и со најмали можни последици, да се справиме со оваа енергетска криза“, рече министерот Бектеши.

Иако најголемиот дел од институциите се придржувале до препораките целта не ја постигнале ниту 7 од вкупно 17-те државни компании. Потрошувачката на УЈП останала иста, Радиодифузија ја зголемила за 10 проценти, а во Јавното претпријатие Водостопанство е регистрирано зголемување на потрошувачката од дури 144 проценти.

Дали и какви казни ќе има за нив допрва ќе се одлучува.

„Имајќи предвид дека информацијата беше доставена до владата вчера, и не беше присутен премиерот, бидејќи е на службен пат заедно со министерот за финансии, и не беше разговарано во делот на одговорноста. Што се однесува до Водостопанство, веќе се превемени соодветни мерки, и тие најверојатно ќе ги најави премиерот. Откако ќе се врати, иако јас веќе го брифирав, и советникот за енергетика најверојатно го брифирал а сите податоци, тогаш значи ќе го кажеме ставот како влада“, објасни Бектеши.

Општините ја намалиле потрошувачката за вкушно 29 отсто но од 81 општина 25 не го постигнале прагот од 15 отсто, а останатите 56 општини успеале да направат заштеда поголема од 15 отсто. Најмногу отстапува Арачиново со значително поголема потрошувачка отколку септември минатата година а потоа сде Гостивар и Свети Николе.

Она што загрижува е фактот што вкупно 111 институции немаат потпишано договор за снабдување со електрична енергија и се снабдуваат на краен снабдувач со многу повисока цена. Тоа се основните и средните училишта, по што следуваат некои од министерствата и речиси сите здравствени установи кои според најавите од 1 декември ќе бидат префрлени на регулираниот пазар.

Со мерките за штедење кои ги изготви Владата предвидено е да се намали потрошувачката за 15 отсто што низ бројки би значело околу 21 гигават струја помалку што е речиси исто како целокупната дневна потрошувачка на струја во државата. Мерките вклучуваат гасење на компјутерите и клима уредите во канцелариите на локалната и државната администрација, регулирање на клима уредните на 20 односно 27 степени во зависност дали се грее или се лади просторијата, гаснење на непотребното декоративно осветлување на фасадите, објектите и спомениците и неопходен минимум на осветлување на патиштата, булеварите и улиците.

XS
SM
MD
LG