Линкови за пристапност

Групи за човекови права бараат истрага за задушувањето на протестите во Иран


Повеќе од 40 организации за човекови права бараат од Советот за човекови права на ОН да закаже итна средба за расправа за задушувањето на протестите од страна на иранската влада.

Соопштението од понеделникот изразува загриженост во врска со бруталното постапување на Исламската република со демонстрантите кои излегоа на улиците по смртта на 22-годишната Маша Амини. Амини почина минатиот месец додека била во притвор на полицијата за моралност во Техеран бидејќи не ја имала покриено косата според правилата за носење хиџаб.

Групите за човекови права велат дека доказите сугерираат вознемирувачка пракса на безбедносните сили намерно да пукаат со жива муниција и метални куршуми врз демонстрантите и набљудувачите, вклучувајќи и во деца.

Соопштението вели дека повеќе од 200 демонстранти биле убиени за време на протестите, меѓу кои и 23 деца, додека повеќе од илјада демонстранти, активисти, новинари и студенти биле арбитражно уапсени.

Групите, меѓу кои и Амнести Интернешенал и Хјуман Рајтс Воч го поттикнуваат Советот да востанови независно тело со задолженија да истражи и да бара одговорност. Потписниците велат дека ако меѓународната заедница не постапи, бројни мажи, жени и деца ќе бидат убиени, повредени, подложени на тортура, физички нападнати и затворени.

XS
SM
MD
LG