Линкови за пристапност

ЕУ одобри 107 милиони евра за воена обука на украински војници


Седиштето на воената мисија ќе биде во Брисел, а целта е првично да се обучат околу 15.000 украински војници, главно во Полска и Германија
Седиштето на воената мисија ќе биде во Брисел, а целта е првично да се обучат околу 15.000 украински војници, главно во Полска и Германија

Европската Унија денес одобри мисија за воена обука во Европа за илјадници украински војници и план за обезбедување на околу 500 милиони евра или 486 милиони долари дополнителни средства за помош за купување оружје за Украина, објави Асошиетед прес.

Мисијата, која ќе има седиште во Брисел, и ќе биде под команда на француски поморски офицер, првично ќе трае две години со буџет од речиси 107 милиони евра или 104 милиони долари.

Седиштето на ЕУ во соопштението рече дека целта на мисијата е да им дозволи на украинските вооружени сили „ефикасно да спроведуваат воени операции“, за да може Украина „да го брани својот територијален интегритет во рамките на нејзините меѓународно признати граници, ефикасно да го применува својот суверенитет и да ги заштити цивилите“.

Се вели дека ЕУ ќе обезбеди „индивидуална, колективна и специјализирана обука“. На земјите кои не се дел од блокот ќе им биде дозволено да учествуваат во напорите за обука. Целта првично е да се обучат околу 15.000 украински војници, главно во Полска и Германија.

Се надеваме дека мисијата ќе биде во функција до средината на ноември.

Неколку земји од ЕУ и НАТО веќе ги обучуваат вооружените сили на Украина на билатерална основа. Запрашан каква додадена вредност ќе донесе мисијата со седиште во Брисел, шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел денес рече дека е „силно убеден оти спојувајќи ги капацитетите на европските армии можеме да понудиме многу подобар производ“.

XS
SM
MD
LG