Линкови за пристапност

Канје Вест ќе ја купи конзервативната социјална мрежа Парлер


Раперот се понуди да ја купи платформата, откако пред една недела беше блокиран на Твитер и Инстаграм поради антисемтски коментари
Раперот се понуди да ја купи платформата, откако пред една недела беше блокиран на Твитер и Инстаграм поради антисемтски коментари

Раперот, порано познат како Канје Вест, се нуди да ја купи десничарската пријателска социјална мрежа Парлер, веднаш откако беше исклучен од Твитер и Инстаграм поради антисемитски објави.

Парлемент Технолоџис, која ја поседува платформата, и Вест, правно познат како Ји, рекоа дека купувањето треба да биде завршено во четвртиот квартал, но детали како цената не беа откриени.

Ји, беше исклучен од Твитер и Инстаграм пред една недела поради антисемитски објави за кои социјалните мрежи велат дека ги прекршуваат нивните политики.

На почетокот на овој месец, тој беше критикуван затоа што носеше маица „Белите животи значат“ во неговата колекција на модната недела во Париз.

Потенцијалното купување на Парлер ќе му даде контрола на платформата за социјални медиуми и можност за споделеување мислење без контрола.

„Во свет каде што конзервативните мислења се сметаат за контроверзни, мораме да се погрижиме да имаме право слободно да се изразуваме“, рече Ји.

Парлер, кој беше лансиран во август 2018 година, почна да заживува дури во 2020 година. Но, беше ставен офлајн по нападот на Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година. Еден месец по нападот, Парлер најави повторно лансирање. Минатиот месец се врати на Гугл Плеј.

„Овој договор ќе го промени светот и ќе го промени начинот на кој светот размислува за слободата на говорот“, рече извршниот директор на Парлемент Технолоџис Џорџ Фармер во подготвената изјава.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG