Линкови за пристапност

Голем пожар во затвор со политички затвореници во Техеран, петта недела протестите ширум земјата


Огромен пожар избувна во затворот Евин во Техеран, каде се држат политичките притвореници и антивладините демонстранти во Иран, додека протестите низ целата земја влегоа во петтата недела.

Сведоците изјавија дека слушнале пукотници додека обрачи од чад се издигнале на небото на Техеран поради звукот на алармот.

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека имало судири меѓу затворениците и затворските чувари во едно одделение, цитирајќи висок безбедносен функционер, кој исто така рекол дека затворениците запалиле магацин полн со затворски униформи.

ИРНА, исто така, соопшти дека најмалку девет лица се повредени.

Во меѓувреме, Центарот за човекови права во Иран со седиште во САД соопшти дека во затворот избил „вооружен конфликт“ и дека истрелите првпат се слушнале во одделението 7.

Инцидентот се случи додека антивладините протести продолжија долж главните улици и на универзитетите во неколку градови низ Иран во саботата.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, на Твитер напиша: „Ги следиме извештаите од затворот Евин. Во контакт сме со Швајцарците како наш претставник. Иран е целосно одговорен за безбедноста на нашите незаконски приведени граѓани, кои треба веднаш да бидат ослободени."

XS
SM
MD
LG