Линкови за пристапност

Северна Кореја лансираше балистичка ракета со краток дострел


Јужнокорејските и јапонските власти соопштија дека ракетата била лансирана денес во близина на источниот брег на Северна Кореја.

Канг Хопил, висок функционер во Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, рече дека војската издава силно предупредување со кое ја повикува Северна Кореја да престане со ваквите провокативни тестови.

Според јужнокорејските власти, Северна Кореја истрелала околу 170 куршуми артилерија, а гранати паднале во поморските тампон зони воспоставени според договорот од 2018 година наменет за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров.

Хироказу Мацуно, главен секретар на јапонскиот кабинет, рече дека лансирањето и прелетувањето на воениот авион во петокот во близина на границата со Јужна Кореја дополнително ја ескалирале тензијата предизвикана од неодамнешните тестови на оружје на Северна Кореја. Советот за национална безбедност на Јужна Кореја (НСЦ) ја осуди Северна Кореја за ескалација на тензиите.

Мацуно рече дека неговата „влада верува дека Северна Кореја може да преземе дополнителни провокативни активности во иднина, вклучително и спроведување нуклеарни тестови“. Тој рече дека Јапонија „ќе продолжи тесно да соработува со САД и други земји и да прави сеопфатни напори да ги собере и анализира потребните информации и да спроведе активности за будност и надзор“.

Дополнително, Јужна Кореја испрати борбени авиони откако околу 10 севернокорејски воени авиони полетаа блиску до границата, соопшти јужниот началник на здружениот штаб (JCS).

Сеул ги воведе своите први еднострани санкции против Пјонгјанг по речиси пет години, ставајќи на црна листа 15 севернокорејски поединци и 16 институции вклучени во ракетниот развој.

JCS издаде предупредување до Северна Кореја, барајќи од неа да престане со провокациите и ескалацијата на тензиите.

Некои информации за извештајот се превземени од Ројтерс

XS
SM
MD
LG