Линкови за пристапност

Администрацијата на Бајден ќе прифати до 24.000 венецуелски мигранти


Мерката на САД за условно згрижување за најмногу до 24.000 Венецуелци е моделирана по слична програма за Украинците кои побегнале од руската инвазија.
Мерката на САД за условно згрижување за најмногу до 24.000 Венецуелци е моделирана по слична програма за Украинците кои побегнале од руската инвазија.

Администрацијата на Бајден се согласи да прифати до 24.000 венецуелски мигранти кои пристигнуваат на американските аеродроми, слично како што беа примени Украинците од руската инвазија, додека Мексико се согласи да ги одврати Венецуелците кои нелегално доаѓаат во САД преку копно, соопштија САД и Мексико.

Венецуелците кои пеш или по морски пат ќе ја преминат границата ќе бидат веднаш вратени во Мексико според пандемиското правило познато како член 42, кое ги суспендира правата за барање азил според американското и меѓународното право врз основа на спречување на ширење на Ковид-19.

Секој Венецуелец кој илегално ќе влезе во Мексико или Панама, исто така, нема да има право да дојде во САД.

Мерката на САД за условно згрижување за најмногу до 24.000 Венецуелци е моделирана по слична програма за Украинците кои побегнале од руската инвазија.

Потезите се одговор на драматичното зголемување на миграцијата од Венецуела, која ја надмина Гватемала и Хондурас во август и стана втората по големина националност, што пристигнува на границата со САД од Мексико.

XS
SM
MD
LG