Белата куќа објави дека Американците што ги исполнуваат условите треба да ги добијат ажурираните засилувачи за Ковид-19 до празникот за Ноќта на вештерките за да имаат максимална заштита од коронавирусот до Денот на благодарноста и празниците поврзани со Божиќ. Се предупредува на претстојната сезона на „предизвикувачки“ вируси.
Д-р Ашиш Џа, координатор за одговор на Ковид-19 во Белата куќа изјави дека „во однос на тоа кога е добро време за вакцинирање, јас бев многу јасен за ова. Мислам дека луѓето треба да се вакцинираат пред Ноќта на вештерките. Зошто, Ноќта на вештерките? Бидејќи на вашиот имунолошки систем му требаат неколку недели да ги генерира придобивките од таа вакцина. А тоа значи дека ќе бидете подготвени до Денот на благодарноста и секако до празниците“.
Д-р Џа истакна дека САД имаат алатки за вакцина и третман за во голема мера да ги елиминираат сериозните болести и смртта од вирусот.
Центрите за контрола и превенција на болести – ЦДЦ објави дека само околу 11,5 милиони Американци ги примиле ажурираните вакцини, досега.