Линкови за пристапност

ОН: Над 100 милиони луѓе се раселени во светот

„За прв пат за време на мојот мандат, загрижен сум за финансиската состојба на УНХЦР“, рече високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди во говорот пред претставниците на земјите-членки во Женева, откако беше повторно назначен за шеф на агенција минатиот месец.

Агенцијата на ОН за бегалци ќе мора да направи „сериозни намалувања“ доколку наскоро не добие дополнителни средства, рече нејзиниот шеф, предупредувајќи дека намалувањата може да доведат до поголема неухранетост и детски бракови, како и немири во некои од најсиромашните региони во светот, пренесе Ројтерс.

Војната во Украина испрати милиони луѓе да избегаат, а сега има повеќе од 100 милиони луѓе насилно раселени во светот.

Ова, заедно со тековната криза во Авганистан, поплавите во Пакистан и насилството во Камерун, предизвика буџетот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации да се зголеми на рекорд од речиси 11 милијарди долари.

„За прв пат за време на мојот мандат, загрижен сум за финансиската состојба на УНХЦР“, рече високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди во говорот пред претставниците на земјите-членки во Женева, откако беше повторно назначен за шеф на агенција минатиот месец.

„Доколку не добиеме барем дополнителни 700 милиони долари, од сега до крајот на оваа година, ќе бидеме принудени да направиме сериозни намалувања со негативни, а понекогаш и драматични последици за бегалците и заедниците - домаќини“, додаде тој.

САД се убедливо најголемиот донатор на агенцијата, со придонес од над 2 милијарди долари досега оваа година.

Сега, 12 од програмите на агенцијата се финансирани со 50% или помалку, рече портпаролот. Запрашан, кој од нив може да биде скратен, портпаролот, изрази загриженост за делови од Блискиот Исток, вклучително Јемен и Етиопија.

XS
SM
MD
LG