Линкови за пристапност

Најмалку 34 жртви од лизгање на земјиште во Венецуела


Спасувачките работници со помош на дронови и обучени кучиња пребаруваа преживеани во понеделникот по големото лизгање на земјиштето во централна Венецуела, додека бројот на загинати се искачи на 34, а жителите опишаа ужасни приказни за бегство од водата и калта, објави Асошиејтед Прес.

Хозе Медина се присети како водата што течеше во неговиот дом во градот Лас Техеријас во саботата навечер го достигнала нивото на половината.

Во понеделникот, венецуелските власти соопштија дека најмалку 34 лица загинале во поплавите, а 60 се водат како исчезнати по најтешката природна катастрофа што ја погодила јужноамериканската земја која опстојува со ограничени пари во последниве години.

Во Лас Техеријас, град со 50.000 жители лоциран долж главниот индустриски коридор на Венецуела, екипите користеа тешка механизација за расчистување на остатоците од населбите чии улици сè уште беа блокирани со кал.

Во меѓувреме, спасувачките екипи користеа дронови и кучиња за да пронајдат луѓе затрупани под урнатините.

XS
SM
MD
LG