Линкови за пристапност

Струга во мрак, граѓаните револтирани


Струга во мрак. Градските власти ги исклучија светилките и се приклучија на мерките за штедење на електрична енергија. Делови од градот, улици како и шеталиштето покрај реката Црни Дрим се во темнина во период од 22 часот до 5 часот наутро. Светло доаѓа единствено од излозите на дуќаните. Граѓаните не се согласуваат со ваквите мерки.

„Не треба Струга да е во мрак. Тоа е многу лошо. Апел до градоначалникот, барем центарот на Струга да има улично осветлување и така граѓаните плаќаат по 190 денари во сметките. Барем после 1 или после 12 часот нека се исклучува. Не може од 9 часот да нема осветлување“.

„Сто години направив јас, ова никогаш не е случено. Централи имаме наши, се` наше имаме, каде ја носат струјата, што прават не знам“.

Струга во темница
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

„Некој реон треба да е осветлен, посебно чаршијата, бидејќи има големи дуќани, луѓето живеат од тоа“.

„Јас сум од село Октиси, кај 12 часот се гаси уличното светло и цело село е во темница. И, да излезиш не можиш да одиш никаде“.

„Не е популарна мерка, но е потреба, инаку ќе почне да има рестрикции во домаќинствата. Неопходно е, но не многу, за да може луѓето да се движат да комуницираат“.

Сопствениците на бизниси, бараат штедењето да се спроведе на поинаков начин.

„Не може цел кеј или цела улица да биде темна, нека бидат застапени светла на секоја втора, трета, или четврта сијалица. Градот е во црнила. Кејот е преполн со кафиќи, тие мора да затвораат порано, никој не сака да излегува во темнина. Градот е мртов. Цела година има групи кои доаѓаат, сигурно никој не би сакал да престојува во еден темен град“, вели Анкица Крстаноска сопственичка на туристичка агенција.

Бидејќи со буџетот за оваа година не било предвидено поскапување на струјата со повисоки сметки за три до четири пати, ќе се преземат мерки во јавното осветлување, соопштија од општината. Велат дека селективно исклучување ќе се врши во некои делови од градот и селата на рационален начин, со што ќе се елиминирала злоупотребата и истовремено ќе се заштедело.

XS
SM
MD
LG