Линкови за пристапност

Тројца американски економисти – добитници на Нобеловата награда за економија

Победници се Бен Бернанке, поранешен шеф на Федералните резерви на САД и моментално со институтот Брукингс во Вашингтон; Даглас Дајмонд од Универзитетот во Чикаго; и Филип Дибвиг од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, Мисури.

Шведската кралска академија на науките објави дека тројца економисти со седиште во САД ја добиле Нобеловата меморијална награда за економски науки за 2022 година „за истражување на банките и финансиските кризи“.

Победници се Бен Бернанке, поранешен шеф на Федералните резерви на САД и моментално со институтот Брукингс во Вашингтон; Даглас Дајмонд од Универзитетот во Чикаго; и Филип Дибвиг од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, Мисури.

Овогодинешните лауреати „значително го подобрија нашето разбирање за улогата на банките во економијата, особено за време на финансиски кризи. Важен наод во нивното истражување е зошто избегнувањето на колапс на банките е од витално значење“, велат од Академијата.

Претседателот на Комитетот за наградата за економски науки, Торе Елингсен, рече дека нивните „увиди ја подобрија способноста да избегнеме и сериозни кризи и скапи спасувачки пакети“ во банкарските системи.

Почетоците на анализата на Бернанке, Дајмонд и Дибвиг датираат од раните 1980-ти и оттогаш нивните наоди „имаат големо практично значење во регулирањето на финансиските пазари и справувањето со финансиските кризи“, велат од Академијата.

XS
SM
MD
LG