САД денес го слават Денот на Колумбо - федерален празник кој ја одбележува годишнината од пристигнувањето на морепловецот Кристофер Колумбо во Северна и Јужна Америка.
Овој празник буди чувство на гнев кај домородните Американци, кои веруваат дека на овој начин се напушта грижата за убиствата и експлоатацијата на домородните луѓе во западната хемисфера од страна на шпанските трагачи по богатство.
Сепак, претседателот на САД Џо Бајден минатата година ја потпиша првата претседателска прокламација овој ден да се празнува и како Денот на домородните луѓе.
Празникот за признавањето на домородните Американци кои ги населувале американските континенти илјадници години пред доаѓањето на Колумбо полека добива на сила во САД со поддршка на повеќе од 12 држави и многу градови кои официјално го признаваат придонесот на домородните народи.
Денот на Колумбо стана национален празник во САД во 1971-та година.