Линкови за пристапност

Само 5 проценти од Американците примиле бустер против омикрон, соопшти ЦДЦ


Околу 3,9 милиони луѓе во САД примиле адаптирани бустери против ковид-19 изминатата недела, соопшти вчера Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Оттаму изјавија дека вкупно 11,5 милиони Американци го примиле бустерот заклучно со 5 октомври.

Бројката од 11,5 милиони претставува само 5,3 проценти од 215,5 милиони луѓе во САД на возраст од 12 или повеќе години, кои се подобни да ги примат вакцините бидејќи ја завршиле својата примарна серија на вакцинација.

Истражување на непрофитната семејна фондација Кајзер покажа дека скоро две третини од возрасните во САД не планираат наскоро да добијат ажурирани засилувачи против ковид-19.

Администрацијата за храна и лекови на САД ги одобри вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ против омикрон во август, како подготовка за тековната есенска кампања за ревакцинација во земјата.

Вакцините адаптирани за омикрон имаат за цел да се справат со подваријантите BA.5, кои сочинуваат значително мнозинство од тековните варијанти во САД, според владата. Овие бустери се очекува да бидат ефективни и против подваријантата BA.4.6.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG