Линкови за пристапност

Ризикот од Арамагедон е најголем од 1962 година, рече Бајден


Претседателот рече дека Путин не се шегува кога зборува за употреба на „нуклеарно или биолошко или хемиско оружје“
Претседателот рече дека Путин не се шегува кога зборува за употреба на „нуклеарно или биолошко или хемиско оружје“

Ризикот од Армагедон е најголем по раните 1960-ти, изјави претседателот на САД Џо Бајден вчеравечер, откако руските загуби во Украина ги поттикнаа руските власти да разговараат за можна употреба на тактичко нуклеарно оружје.

„Не сме се соочиле со можноста за Армагедон од Кенеди и кубанската ракетна криза“, рече Бајден на настан за собирање средства за Комитетот за демократска сенаторска кампања во Њујорк.

Во октомври 1962 година, САД и Советскиот сојуз беа навидум на работ на нуклеарен конфликт, откако американското распоредување на балистички ракети во Турција и Италија беа спротивставени со советското распоредување на слични ракети на Куба.

Претседателот рече дека рускиот претседател Владимир Путин, „човек што прилично добро го познавам“, не се шегува кога зборува за употреба на „нуклеарно или биолошко или хемиско оружје“.

„Не постои такво нешто како способност лесно да се користи тактичко нуклеарно оружје и да не се заврши со Армагедон“, рече Бајден.

Говорејќи пред донаторите на Демократската партија, Бајден рече дека тој и американските претставници сè уште „се обидуваат да ја откријат рампата на Путин“ во Украина.

Претседателот повтори дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG