Линкови за пристапност

Бајден најави помилување на илјадници осудени за поседување марихуана


Како што реков кога се кандидирав за претседател, никој не треба да биде во затвор само за користење или поседување марихуана, рече претседателот, најавувајќи мерки кои водат кон декриминализација на марихуаната
Како што реков кога се кандидирав за претседател, никој не треба да биде во затвор само за користење или поседување марихуана, рече претседателот, најавувајќи мерки кои водат кон декриминализација на марихуаната

Претседателот на САД Џо Бајден најави нови извршни мерки насочени кон декриминализација на марихуаната според американскиот федерален закон.

Марихуаната сега е легална за медицинска употреба во 37 сојузни држави и достапна за рекреативна употреба во 19 сојузни држави, во главниот град Вашингтон и Гуам.

Во снимена видеопорака, Бајден рече дека објавува, преку извршна наредба, помилување за сите претходни федерални пресуди за едноставно поседување марихуана. Тоа помилување може да опфати повеќе од 6.500 Американци, изјавија претставници на Белата куќа.

Но, тие додаваат дека повеќето пресуди за марихуана се случуваат на државно ниво. Бајден ги повика гувернерите да издадат помилување за државните пресуди за поседување марихуана.

Претседателот, исто така, нареди федерална ревизија за тоа како марихуаната е регулирана согласно федералниот закон.

Во моментов, таа е класифицирана како лек што нема медицинска употреба и висок потенцијал за злоупотреба, ставајќи го на исто ниво како хероинот и ЛСД.

„Како што реков кога се кандидирав за претседател, никој не треба да биде во затвор само за користење или поседување марихуана“, рече Бајден во изјавата, и додаде:

„Тоа е легално во многу држави, а криминалните досиеја за поседување марихуана доведоа до непотребни бариери за вработување, домување и можности за образование“.

Републиканските противници на Бајден се спротивставија на овој потег, поставувајќи прашања за тоа дали републиканските законодавци и гувернери ќе го послушаат повикот на Бајден да помилува луѓе за прекршоци за поседување марихуана.

XS
SM
MD
LG