Линкови за пристапност

ДАКА е незаконска, пресуди федерален апелационен суд


Судот дозволи сегашните 594.000 запишани во програмата да го задржат својот статус, но продолжува да блокира нови апликации
Судот дозволи сегашните 594.000 запишани во програмата да го задржат својот статус, но продолжува да блокира нови апликации

Федерален апелационен суд вчера пресуди дека програмата што заштити стотици илјади млади имигранти од депортација (ДАКА) е незаконска, но рече дека сегашните лица опфатени со програмата би можеле да го обноват својот статус, враќајќи го случајот назад до понискиот суд за да се разгледа новата регулатива на администрацијата на Бајден.

Панел од тројца судии од 5 Окружен Апелационен суд на САД, кој е наклонет кон конзервативците, ја потврди пресудата на понискиот суд против ДАКА.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно рече дека сака постојан пат до државјанство за примателите на ДАКА.

Судот дозволи сегашните 594.000 запишани во програмата да го задржат својот статус, но продолжува да блокира нови апликации.

При враќањето на случајот, Апелациониот суд рече дека нема доволно информации за да се произнесе за новата регулатива, која треба да стапи на сила на 31 октомври, но дека случајот треба да се реши што е можно побрзо.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG