Линкови за пристапност

Убиени 23 деца откако поранешен полицаец пукал во градинка во Тајланд


Властите соопштија дека напаѓачот се вратил дома каде ги убил сопругата и детето пред да се самоубие
Властите соопштија дека напаѓачот се вратил дома каде ги убил сопругата и детето пред да се самоубие

Полицијата во Тајланд соопшти дека вооружен маж нападнал центар за згрижување деца во североисточниот град Нонгбуа Ламфу денес, при што биле убиени најмалку 30 луѓе. Меѓу загинатите има 23 деца.

Властите соопштија дека напаѓачот се вратил дома каде ги убил сопругата и детето пред да се самоубие.

Напаѓачот бил поранешен полицаец кој минатата година бил отпуштен од работа поради употреба на дрога.

Масовните престрелки се ретки во Тајланд.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG