Линкови за пристапност

Најмалку 15 мртви откако два брода со мигранти потонаа во Грција


Повеќето мигранти кои стигнуваат до Грција патуваат од соседна Турција
Повеќето мигранти кои стигнуваат до Грција патуваат од соседна Турција

Екипите за пребарување и спасување се обидуваат да ги лоцираат мигрантите од двете бродски несреќи на грчките острови, вклучително и онаа од раноутрово, во која загинаа најмалку 16 лица, соопшти крајбрежната стража на земјата.

Агенцијата соопшти дека брод со 40 луѓе потонал во близина на грчкиот остров Лезбос во централното Егејско Море рано денес. Крајбрежната стража соопшти дека досега се спасени најмалку пет лица, а 20 се водат како исчезнати. Бродот потонал источно од Лезбос, кој е близу до брегот на Турција.

Втората спасувачка операција е во тек кај јужниот грчки остров, откако едрилица со до 100 мигранти удри во карпи и потона од силните ветрови доцнавчера, според властите.

Официјални лица соопштија дека 30 луѓе биле спасени откако чамецот удрил во карпи на истокот од островот при силни ветрови. Локалните власти соопштија дека ќе биде отворено училиште во областа за да се обезбеди засолниште за спасените.

Повеќето мигранти кои стигнуваат до Грција патуваат од соседна Турција. Но, тие ги сменија рутите во последните месеци во обид да избегнат засилени патроли околу грчките острови во близина на турското крајбрежје.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG