Линкови за пристапност

Цените на бензинот може да растат, по најавата на ОПЕК дека ќе го намали производството


Одлуката на групата може да ѝ помогне на Москва да ја плати тековната војна со Украина и да им наштети на шансите на американскиот претседател Џо Бајден дополнително да ги намали цените на бензинот за американските возачи
Одлуката на групата може да ѝ помогне на Москва да ја плати тековната војна со Украина и да им наштети на шансите на американскиот претседател Џо Бајден дополнително да ги намали цените на бензинот за американските возачи

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), заедно со Русија и други производители на нафта, вчера објавија дека ќе ги намалат целите за производство за 2 милиона барели дневно, почнувајќи од следниот месец.

Групата рече дека одлуката е заснована на „неизвесноста околу глобалната економија и нафтениот пазар“.

Постапката на групата може да ѝ помогне на Москва да ја плати тековната војна со Украина и да им наштети на шансите на американскиот претседател Џо Бајден дополнително да ги намали цените на бензинот за американските возачи.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер зборуваше за разочарувањето од одлуката во Виена од страна на 23-те земји кои припаѓаат на ОПЕК и коалицијата.

„Одлуката на ОПЕК да ги намали производните квоти е кратковидна додека глобалната економија се справува со континуираното негативно влијание од инвазијата на Путин на Украина. Ако одлуката на ОПЕК има значајно влијание врз цената, тоа ќе биде особено за земјите со низок и среден приход. Напорите на претседателот постигнаа напредок, намалувајќи ги цените на бензинот во САД од почетокот на летото. Цените на бензинот се намалени за речиси еден долар и 0,20 долари, а најчестата цена на бензинските пумпи денес е 3,29 долари за галон“, рече Жан-Пјер.

Аналитичарите велат дека потегот на ОПЕК може да го зголеми ризикот од глобална рецесија во наредните месеци. Цените на суровата нафта паѓаа со месеци на светскиот пазар, но пораснаа во последните денови во пресрет на намалувањето на производството на ОПЕК.

Покрај тоа, Русија се потпира на продажбата на гас и нафта за голем дел од својот буџет за да помогне во финансирањето на војната во Украина. Таа го поддржа намалувањето на производството, што ќе ѝ овозможи на Москва да продава нафта за повисоки цени на светскиот пазар.

XS
SM
MD
LG