Линкови за пристапност

Хотели покрај Охридско Eзеро поставуваат фотоволтаични панели


Фотоволтаични панели - тренд во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Фотоволтаични панели - тренд во Охрид

Високите сметки за електрична енергија ги натера сопствениците на хотели покрај Охридското Eзеро, да инвестираат во поставување на фотоволтаични панели на своите објекти.

Иако станува збор за инвестиции од околу 150.000 евра, велат дека тоа е единствен спас од растот на цената на струјата.

„Имаме околу 250 киловат - часа инсталирана енергија. Тоа ја намалува сметката кај нас во месеците, јуни, јули и август, кога е најголемата гужва за едно 70%. Летово е добро затоа што имаме електрична енергија до 19 часот, некакво производство. Имаме многу барања охридските хотели, кои сакаат да постават фотоволтаици, да ги намалат трошоците, за да бидат конкурентни на пазарот, да останат во живот“, изјави Крсте Блажески, сопственик на хотел Дрим-Струга.

„Хотел Гранит ги постави фотоволтаиците на почетокот на месец август. Инсталиравме 120 киловолти моќност, максимално колку што можеше на покривот. Има ефект, бидејќи сметката е намалена некаде за 5.000 евра од минатиот месец. Понатаму, размислуваме дополнително да се стават уште 50-60 киловолти и да се заокружи тој дел“, вели Перо Кутаноски, менаџер на хотел Гранит - Охрид.

Кутаноски вели дека ова е иднината на туристичкиот сектор со оглед на тоа што сметките за струја, кои ги добиваат сега, се за неколку пати повисоки од претходно.

„Во вакви случаи инвестицијата побргу се враќа со вакви цени на струја. Мислам дека е добро решение. Тој што може да го направи, е добро решение. Сите размислуваат кој како може да го направи тоа“, додава Перо Кутаноски, менаџер на хотел Гранит-Охрид.

„Имавме некои примери кои што плаќале порано 10.000-15.000 евра, на кои што сега им стигна сметка од 98.000 евра. Не може да дојде по 5 или 10 евра по ноќевање електрична енергија, тоа никаде го нема во светот. Затоа сега за наредната година, се уште немаме цени. Ние даваме цени, но никој не ги прифаќа“, коментира Крсте Блажески -сопственик на хотел Дрим-Струга.

Некои веќе се подготвуваат да постават ваков систем.

„Веќе аплициравме за кредит за да може да добиеме фотоволтаична енергија, да може барем да спасиме 40-50% од основните трошоци кои ги имаме во врска со електричната енергија“, вели Муса Рашид, сопственик на хотел Мизо.

Доаѓаат зимски месеци, па стравот од уште повисоки сметки ги плаши хотелиерите. Некои излезот го гледаат во привремено затворање на капацитетите, или пак во отпуштање на дел од вработените.

Само во туристичкиот сектор на охридско-струшката ривиера има околу 3.000 вработени.

Инаку, неодамна, владата поради енергетската криза ги поедностави процедурите за поставување на фотоволтаици.

XS
SM
MD
LG