Линкови за пристапност

Блинкен и Бориќ разговарале за трговска соработка и борбата против климатските промени


Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска се сретна со чилеанскиот претседател Габриел Бориќ во Сантијаго, Чиле, соопшти Стејт департментот.

Блинкен и Бориќ ја истакнале важноста на односите меѓу двете земји.

„Секретарот и претседателот разговараа за важноста од натамошно проширување на одговорниот проток на трговија и инвестиции, додека ние се приближуваме до 20-годишнината од Договорот за слободна трговија меѓу САД и Чиле. Секретарот Блинкен му се заблагодари на претседателот Бориќ за лидерството на Чиле за климатските промени и за напорите за постигнување јаглеродна неутралност до 2050 година“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „Блинкен и претседателот Бориќ разговараа и за областите на соработка за зајакнување на демократијата во регионот. Тие, исто така, се согласија да продолжат да се занимаваат со импликациите од неиспровоцираната инвазија на Русија на Украина, кои се чувствуваат низ целиот свет, вклучително и во нашата хемисфера“.

XS
SM
MD
LG