Линкови за пристапност

15 македонски државјани биле дел од ИСИС во Сирија и Ирак, владата воведе рестрикции против нив


Повеќето од нив се на возраст од околу 30 години. Највозрасниот на списокот има 57 години, а најмладиот 26 години
Повеќето од нив се на возраст од околу 30 години. Највозрасниот на списокот има 57 години, а најмладиот 26 години

Имињата на 15 македонски државјани кои биле дел од ИСИС и Исламската држава на територијата на Сирија и Ирак се обелоденети за јавноста. Станува збор за одлука на владата за „воведување финансиски мерки против тероризам, ширење оружје за масовно уништување и нивно финансирање донесена на 13 септември.

Повеќето од 15-мина лица се на возраст од околу 30 години. Највозрасниот на списокот има 57 години, а најмладиот 26 години. Интересно е дека дури дестмина од нив се од Скопје, по двајца се од Куманово и Гостивар и еден од Струга.

Владината одлука има шест члена и со нив се воведуваат рестрикции за овие 15 лица за „користење, пренос, конверзија, трансфер или друг вид на располагање со имот, забрана на ставање на располагање на било каков имот, како и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос.“

Надлежни органи за спроведување на одлуката се дел од безбедносните и финансиските служби – МВР, Управата за финансиско разузнавање, министерствата за одбрана, економија и транспорт и врски и Народната банка.

Обелоденети имиња на 15 македонски членови на ИСИС
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Ова е првпат јавно да бидат објавени имиња на луѓе кои од земјава заминале во странство и биле вклучени во терористички активности или биле дел од паравоени и параполициски единици.

Листата е објавена во Службен весник и е достапна на интернет страницата на Управата за финансиско разузнавање.

Уште во 2014 беа извршени измени во кривичниот законик со кои се овозможи гонење на лица – македонски државјани кои заминуваат за да земат дел од воени конфликти и се борат во странски војски. Предвидени се затворски казни до 5 години.

Во јули минатата година во земјава беа вратени 23 нејзини државјани кои со години престојувале на боиштата на Сирија и Ирак како дел од Исламската држава.

Четири од нив биле барани за тероризам, додека останатите 19 беа жени и деца.

Во септември 2020, пак, МВР разби група од тројца повратници од ИСИС кои беа обвинети дека подготвувале терористички активности во Македонија.

XS
SM
MD
LG