Линкови за пристапност

Бајден во телефонски разговор со Зеленски вети уште 625 милиони долари воена помош


Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски му рекол дека САД ќе испратат во Киев уште 625 милиони долари за вооружување и воена помош за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија која трае седум месеци, со што вкупната помош за оружје достигна над 17,5 милијарди долари од јануари 2021 година, кога Бајден ја презеде функцијата.

Пакетот вклучува дополнителни напредни ракетни системи, четири артилериски ракетни системи со висока подвижност, познати како Химарс, 200 возила отпорни на мини, стотици илјади парчиња артилерија и минофрлачка муниција.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден го уверил Зеленски дека „САД никогаш нема да ја признаат наводната руска анексија на украинска територија“.

Бајден, исто така, рече дека САД се подготвени „да наметнат сериозни санкции за секој поединец, ентитет или земја“ што го поддржува тврдењето на Русија за анексија.

XS
SM
MD
LG