Линкови за пристапност

Ковачевски и Мицкоски седнаа на маса, ќе се контактира со компаниите кои ги нуди опозицијата


Министерот за економија Крешник Бектеши е задолжен да стапи во контакт со компаниите за набавка на гас и мазут кои опозицијата се обврза да ги достави уште вечерва
Министерот за економија Крешник Бектеши е задолжен да стапи во контакт со компаниите за набавка на гас и мазут кои опозицијата се обврза да ги достави уште вечерва

СКОПЈЕ – Опозиициската ВМРО – ДПМНЕ ќе ги достави конатктите од компаниите преки кои може да се набави и да се испорача гас и мазут во државата а Владата ќе стапи во контак со нив, ќе ги разгледа понудите и доколку е прифатливо ќе постигне договор.

Ова е епилогот од двочасовната средба која се одржа денеска во Владата меѓу премиерот Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и нивните економски тимови.

Мицкоски е дециден дека доколку склучат договори со нивните контакти производствената цена на струјата во домашните капацитети ќе биде далелку пониска а со тоа и продажната кој би била двојно пониска од онаа на слободниот пазар.

„ Веднаш после оваа средба ќе ги контактираме нашите позиции, ќе ги пренесеме контактите до министерот Крешник Бектеши и од тој момент понатаму очекуваме оваа неизвесност во која што во моментов се наоѓа Македонија, граѓаните и стопанството да се ублажи. Односно да обезбедиме евтин ресурс со кој што ќе можеме да обезбедиме евтина струја односно поевтина од таа што е на берзите, а со што ќе им помогнеме на граѓаните, на стопанството и на државата“, изјави Мицкоски по средбата.

Тој смета дека струјата која ќе се произведе со овие енергенси во ТЕЦ Неготино и во „Те-ТО“ ќе треба да се продава на индустријата и големите потрошувачи со што ќе им се помогне да го пребродат претстојниот кризен период и ќе се зачува стопанството и илјадиници работни места.

Мицкоски потврди дека неговите контакти можат да постигнат договор со руски „Гаспром“ и гасот да биде испорачан во државата преку интерконекторот „Жидилово“ кој е закупен од руската компанија која не дозволува проток на овој енерген доколку не е директно купен од неа.

Мицскоски изрази сомнеж и загриженост дека сценориот на Владата за работа на сите прозиводствени капацитети со максимална можност односно три блока во РЕК Битола, две турбини во ТЕЦ Неготино, еден блок во РЕК Осломеј, поддршка од „ТЕ-ТО“ и хидропотенцијал.

„Зошто изразив загриженост дека првичното сценарио нема да биде оперативно. Затоа што според нашите параметри и податоци со кои располагаме, денеска работи само еден блок во РЕК Битола, тоа е блокот број 2, тој произведува од 152 до 170 мегавати електрична енергија, а не 200 или 210, затоа што не работат двете турбини во ТЕЦ Неготино, туку работи една која произведува 70 мегавати, а не двете 160, затоа што хидропотенцијалот е на 29% од расположивиот, затоа што една греда нема 350, 400, 450 илјади тони јаглен, има за десетина пати помалку и тоа е загрижувачки. Затоа што нема јасна претстава дали имаме гас или немаме гас“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека на средбата побарал Јавните комунални претпријатија да бидат ставени на регулираниот пазар за да се спаст од банкрот и дека го презентирал планот на неговиот тим за тоа што треба да се направи за да се спречи вкава криза идната година.

Од друга страна пак, премиерот Ковачевски ја оцени средбата како конструктивна и соопшти дека го информирал Мицкоски за кондицијата на капацитетите за производство на електрична енергија и чекорите кои се превземаат за набавка на енергенси. Тој најави дека министерот Бектеши ќе стапи во контакт со компаниите кои што ќе ги достави Мицкоски и ќе ги разгледа нивните понуди. Од Мицкоски побара конструктивност во Собранието за да може да се изгласаат низа закони со кои ќе може да се менаџира кризата во претстојниот период

„ Разговаравме за значењето и за потребата што побрзо да бидат одобрени во комисијата за финансирање и буџет и другите соодветни комисии во собранието како и на пленарните седници законите кои што веќе се поднесени,Законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра кое што обезбедува ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка за работењето на ЕСМ во услови на криза. Потоа Законот за енергетика и неговите соодветни измени и Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за распределба на финансиски средства, односно кратење на финансиски средства во деловите на Буџетот коишто се со помал процент на исполнетост, кратење на одредени средства од буџетот коишто ги сметаме за не толку неопходни во услови на криза и префрлање на тие финансиски средства, односно прераспределба на ставки коишто се однесуваат на справување со енергетската криза“, рече Ковачевски.

За дел од предлозите на опозицијата, главно инфраструктурни соопшти дека веќе се во фаза на проекти во Владата и дека се работи на нивно остварување.

Утре во Владата ќе се одржи состанок на Економскиот совет во проширен состав и со претставници на бизнис секторот на кој треба да се презицираат и дефинираат мерките за помош за стопанството. На состанокот нема да присуствува опозицијата бидејќи смета дека сите точки за разговор се исцрпени.

XS
SM
MD
LG