Линкови за пристапност

Нова провокација од Северна Кореја, истрелана ракета над Јапонија


Утринава Северна Кореја истрела балистичка ракета над Јапонија, во досега невидена провокација, што го натера Токио да евакуира некои жители во северните делови од Јапонија.

Хироказу Мацуно, главниот секретар на јапонскиот кабинет, им рече на новинарите дека проектилот бил лансиран во 7:22 часот, пред да падне во Тихиот Океан надвор од економската зона на Јапонија 22 минути подоцна.

Началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја (JCS) го нарече проектилот балистичка ракета со среден дострел (IRBM), лансирана од севернокорејската област Јаганг, летајќи на растојание од 4.500 километри со височина на летот од 970 километри.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида и претседателот Џо Бајден денес го осудија лансирањето на ракетата за време на телефонски разговор, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Лидерите заеднички најостро го осудија ракетниот тест на Северна Кореја, потенцирајќи го лансирањето како опасност за јапонскиот народ, дестабилизирање на регионот и јасно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации“, се вели во соопштението. Се додава дека Бајден ја прецизирал неговата цврста посветеност на администрацијата за одбраната на Јапонија.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, пак, на церемонијата на Денот на вооружените сили во саботата ја предупреди Северна Кореја на какви било нуклеарни провокации, велејќи дека „одлучниот и огромен“ одговор ќе биде подготвен од сојузниците доколку одлучи да користи нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG