Лекарите ги повикаа Американците да не ја прескокнуваат вакцината против грип оваа есен, нагласувајќи дека постарите треба да земат засилена вакцина, објави Асошиетед прес.
Откако грипот достигна историски ниски нивоа за време на пандемијата на ковид-19, тој може да да се поврати, откако заврши тешката сезона на грип во Австралија.
Иако не постои начин да се предвиди дали САД ќе бидат толку тешко погодени, „минатата година влеговме во сезоната на грип не знаејќи дали има грип или не. Оваа година знаеме дека грипот се врати“, рече специјалистот за грип Ричард Веби од детската истражувачка болница Сент Џуд во Мемфис.
Се препорачуваат годишни вакцини против грип вклучувајќи ги и шестмесечните бебиња. Грипот е најопасен за луѓето од 65 години и постари, малите деца, бремените жени и луѓето со одредени здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви и белодробни заболувања.
Оваа година, луѓето на 65 или повеќе години се повикуваат да добијат посебен вид за дополнителна заштита.