Линкови за пристапност

Украинските сили напредуваат во регионот Херсон, ослободени две населби


Официјални лица инсталирани од Русија во Херсон потврдија дека украинската војска повторно освоила некои населби
Официјални лица инсталирани од Русија во Херсон потврдија дека украинската војска повторно освоила некои населби

Украинските сили дополнително напреднаа во регионот Херсон на југот на земјата, зголемувајќи ги нивните придобивки на исток во последните денови како дел од контраофанзивата против Русија.

Официјални лица инсталирани од Русија во Херсон изјавија дека украинската војска повторно освоила некои населби.

Регионот е еден од четирите што Русија незаконски ги припои минатата недела.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање рече дека неговите сили во Херсон ги ослободиле населбите Арханхелске и Миролиубивка.

Развојот во Херсон уследи откако украинските сили најавија дека повторно ја презеле целосната контрола врз Лиман, источниот логистички центар кој, исто така, е на територијата за која Русија минатата недела тврдеше дека е нејзина.

„Лиман е целосно исчистен“, изјави Зеленски во краткото видеообраќање на Телеграм.

Русија вчера не ја коментираше судбината на Лиман, но во саботата рече дека нејзините војници се повлекуваат од областа бидејќи стравува оти украинските сили ќе ги опколат.

Русија го зазеде Лиман во мај и го користеше како логистички и транспортен центар за своите операции во северниот дел на регионот Доњецк.

Руската загуба на Лиман беше нејзиниот најголем пораз на бојното поле откако украинските сили минатиот месец го зафатија регионот Харкив во североисточна Украина, туркајќи ги руските сили назад кон нивната граница.

Рускиот претседател Владимир Путин на крајот од минатиот месец нареди мобилизација на 300.000 резервисти за зајакнување на руските сили.

Наредбата предизвика протести во некои области на Русија и долги редици луѓе на границите кои бегаат.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG