Линкови за пристапност

Бајден во посета на Порторико, 60 милиони долари помош по ураганот Фиона


Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил денес патуваат во Порторико откако ураганот Фиона, предизвика голема материјална штета.

Белата куќа соопшти дека Бајден ќе зборува за посветеноста на неговата администрација да им помогне на луѓето во Порторико „да ја обноват инфраструктурата“.

Бајден треба да објави 60 милиони долари за финансирање за зајакнување на насипите и ѕидовите од поплави, како и создавање систем за предупредување од поплави во Порторико, изјави претставник на Белата куќа.

Предвидено е Бајден да се состане со семејствата и водачите на заедницата во училиште и да им се заблагодари на локалните и федералните власти вклучени во напорите за закрепнување.

Гувернерот на Порторико, Педро Пјерлуиси, рече дека неговата влада и тим за одговор при итни случаи ќе имаат можност да го информираат Бајден за нивните операции.

Ураганот Фиона го погоди Порторико на 18 септември и го прекина напојувањето со електрична струја на целиот остров.

Операторот на електричната мрежа Лума Енерџи во неделата соопшти дека ја вратил услугата на 92 отсто од корисниците.

Порторико сè уште не се опоравил целосно од ураганот Марија, бура од петта категорија што го погоди островот на 18 септември 2017 година - пред речиси точно пет години.

Бајден во среда треба да отпатува и во Флорида, која исто така беше погодена од ураганот Ијан минатата недела.

XS
SM
MD
LG