Линкови за пристапност

Американска донација од 567.800 долари за кардиологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје


Организацијата World Medical Relief со седиште во Мичиген донираше медицинска опрема во вредност од 567.800 американски долари на клиниката за кардиологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Донирани се респираторни системи за нега, маски за кислород, хируршки материјали, хируршки инструменти, ортопедски предмети, И.В. залихи, гази, завои, кревети за интензивна нега, кревети, инвалидски колички, дијагностички алатки и други материјали.

Опремата беше испратена со финансиска помош на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

„ОМД се гордее да им се придружи на пријателите од World Medical Relief, Вермонт, медицинската мисија Датилио, и генералот Мајкл Дуби во помагањето и ублажувањето на здравствените предизвици во земјата“, рече претседателот Методија А.Колоски.

XS
SM
MD
LG