Линкови за пристапност

Собранието ги продолжи кризните состојби за струја и парно греење


Државата сеуште нема склучено договор за испорака на гас, неопходен за производство на електрична енергија и топлинска како продукт. Владата побара од лидерот на опозицијата да ги информацира компаиите кои тој тврди дека ги има и да доставата понуди за гас и струја

СКОПЈЕ - По многу обвинувања, забалешки и прашања како и зошто се трошат Буџетските пари, Собранието денеска изгласа продолжување на двете кризни состојби кои се на сила во државата а чиј рок истекува денес на полноќ.

Станува збор за Кризната состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија чие продолжување беше изгласано со 83 гласа „ЗА“ и Кризната состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија за која гласаа 86 пратеници.

Двете кризни состојби треба да бидат на сила до крајот на грејната сезона односно до 30 април и според законските процедури за ивното продолжување, откако Владата ги прогласи, надлежно е единствено Собранието.

А на петанесетина дена пред почетокот на грејната сезона во Скопје, 60 илјади домаќинства очекуваат разврска на преговорите и договор на ЕСМ со компаниите „ТЕ-ТО“ и „Адора“ откако на „БЕГ“ им беа одземени лиценците.

Проблемот е во тоа што сеуште нема договор за набавка на 250 илјади тони мазут и 250 милиони кубни метри природен гас кои се неопходни за скопските топлани „Исток“ и „Запад“ како и „ТЕ-ТО“ со што ќе може непречено и континуирано да се произведува топлинска и електрична енергија.

Од Владата најавија дека очекуваат гасот да го набават од Србија и да направат еден вид на размена со електрична енергија која би се испорачувала назада во Србија а би била произведена во приватната компанија „ТЕ-ТО“. Меѓутоа клучен проблем е испораката на гасот бидејќи сопственик на интерконенторот преку кој овој енергенс би се доставил е во сопственост на руски „Гаспорм“ кој има стрикни правила кои забрануваат евентуална препрдажба на овој енергенс кој претходно бил купен од нив.

Откако Владата најави дека е подготвена да се повика на член 6 од Законот за енергетика и член 33 од Законот за управување со кризни состојби, кои доволуваат земање под закуп или превземање на приватни капацитети кои се стратешки во кризната состојба, од „Адора“ и „ТЕ-ТО“ со одговор дека се подготвени да преговараат и да се договорат но под разумни услови и цени.

Во моментов она што е договорено е континуирана испорака на јаглен, мазут и лигнит од Грција која ќе обезбедеи непречена работа на домашните државни произведоствени капацитети за електрична енергија - РЕК Битола, ТЕЦ ОСломеј и ТЕЦ Неготино. Понудата од државаната турска компанија за гас и струја „Боташ“ не е доставена а во овој случај повторно проблем би била испораката биејќи треба да се користи гасоводот „Труски тек“ сопственост на „Гаспром“.

Начелниот договор со Бугарија виси, поради разликата во цената која Бугарија, според европските регулативи, ја бара за вишокот на електрична енергија која би ни го испорачала и цената која што македонските власти се подготвени да ја платата.

Утре во Софија патува претседателот Стево Пендаровски кој ќе присуствува на церемонијата по повод пуштањето во функција на интерконеторот меѓу Грција и Бугарија и ќе има билатерлани средби со бугарскиот колега Румен Радев и претседателката на Европската Комисија Урсула фод дер Лајен.

Во меѓувреме власта и опозицијата во жестока преприка околу тврдењата на лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека има контакти со фирми преку кои што може да се набави гас и струја по далеку пониска цена од онаа во моментот и да се заштедата околу 300 милиони евра пари од Буџетот и истовремено сите домашни капацитети да работат со полн максимум.

Откако вчера премиерот Димитар Ковачевски, од собраниската говорница, го повика Мицоски да ги споредли контактите или да ги извести и да ги повика да доставата понуди денеска истото го стори и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој даде рок за понудите до среда.

Од Опозициската ВМРО - ДПМНЕ пак соопштија дека нема да ризикуваат и поради сомневањата за криминал и распиништво нема да му ги достават контаките и имињата на компаниите.

XS
SM
MD
LG