Линкови за пристапност

Потпретседателката Харис ја осуди „диктатурата“ на Северна Кореја


Американската потпретседателка Камала Харис ја осуди севернокорејската „брутална диктатура“ и „дестабилизирачка“ програма за оружје за време на посетата во четвртокот на демилитаризираната зона што ги дели двете Кореи.

Северна Кореја лансираше балистички ракети и пред и веднаш по пристигнувањето на Харис.

Во селото за примирје Панмунџом што се протега меѓу Северна и Јужна Кореја, Харис ги осуди ракетните тестови, велејќи дека тие е „провокација“.

„На север, гледаме брутална диктатура, неконтролирано кршење на човековите права и незаконска програма за оружје што ги загрозува мирот и стабилноста“, рече таа.

Харис претходно во четвртокот се сретна со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, конзервативец кој се залагаше за подобрување на врските со Соединетите Држави.

„Нашата заедничка цел, САД и Република Кореја, е целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров“, рече Харис, користејќи го официјалното име на Јужна Кореја.

Посетата на Харис има за цел да ја повтори посветеноста на САД да ја бранат Јужна Кореја. Околу 28.000 американски војници се стационирани во Јужна Кореја, наследство од Корејската војна во 1950-тите, која заврши со примирје, а не со мировен договор.

XS
SM
MD
LG