Линкови за пристапност

Ијан предизвика пустош и поплави на Флорида, спасувачките акции веќе започнаа


Речиси 2 милиони луѓе останаа без струја, а екипите се подготвуваа да спроведат спасувачки напори додека тропската бура Ијан се движеше низ американската сојузна држава Флорида.

Синоптичарите предупредија на опасни по живот, рекордни поплави во централниот дел на државата со бурата што се очекува да избие крај североисточниот брег на Флорида во Атлантскиот океан во четврток, пред да дојде до второто копно во југоисточниот дел на Соединетите држави.

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека очекува бурата да ослабне во текот на денешниот ден, но дека би можела повторно да биде блиску до јачината на ураганите додека се приближува до Јужна Каролина во петок. Синоптичарите соопштија дека североисточна Флорида и крајбрежните области на Џорџија и Јужна Каролина би можеле да наврнат од 10 до 20 сантиметри дожд, со повисоки количини во некои изолирани области.

Невремето рано во четвртокот имаше максимални постојани ветрови од околу 100 километри на час.

Ијан навлезе на брегот во близина на Кајо Коста како силен ураган од категорија 4 со максимални постојани ветришта од скоро 250 км на час, заедно со моќни бранови на бура и обилни дождови што се комбинираа со поплави на крајбрежните области.

Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес.

XS
SM
MD
LG