Линкови за пристапност

Сослушувањето за нападот на Конгресот на 6 јануари одложено поради ураганот Ијан


Претседателката на Комисијата Лиз Чејни рече дека истрагата продолжува и наскоро ќе објават нов датум за сослушувањето
Претседателката на Комисијата Лиз Чејни рече дека истрагата продолжува и наскоро ќе објават нов датум за сослушувањето

Комисијата на Претставничкиот дом за истрага на 6 јануари го одложи сослушувањето закажано за денес, оти ураганот Ијан се движи кон брегот на Флорида.

Комисијата планираше да го одржи она што веројатно ќе биде последното истражно сослушување. Но, законодавците решија во последен момент да го одложат, бидејќи стана јасно дека ураганот се движи кон Флорида.

Претседателката на Комисијата Лиз Чејни рече дека истрагата продолжува и наскоро ќе објават нов датум за сослушувањето.

Комисијата сè уште нема дадено конкретна агенда за сослушувањето, но законодавецот Адам Шиф рече дека „ќе ја раскаже приказната за клучниот елемент од заговорот на Доналд Трамп да ги поништи изборите“.

XS
SM
MD
LG