Линкови за пристапност

Екстремно опасниот ураган Ијан стана посилен додека се приближува до Флорида


Националниот центар за урагани со седиште во Мајами соопшти дека исклучително опасниот ураган Ијан добива на сила додека се движи блиску до Флорида.

Синоптичарите велат дека Ијан е во близина на брегот на Мексиканскиот Залив на Флорида со максимални ветрови од 250 километри на час, блиску до прагот да стане бура од петта категорија која на скалата од пет нивоа на центарот е мери максималната постојана брзина на ветерот и деструктивниот потенцијал на бурата. Ијан се движи на север со брзина од 17 километри на час.

Центарот на ураганот се очекува денес да стигне до западниот регион на Флорида помеѓу градовите Форт Мајерс и Сарасота.

На повеќе од 2 милиони жители на западниот брег на Флорида им е наредено да ги евакуираат своите домови, додека гувернерот Рон ДеСантис активираше илјадници војници на Националната. Дизни и Универзал Студио се меѓу туристичките атракции кои ги затворија нивните популарни тематски паркови и одморалишта. Американската вселенска агенција НАСА го затвори центарот за посетители во својот вселенски центар Кенеди на источниот брег на Флорида и ја дислоцира својата масивна ракета Артемис 1 како и вселенската капсула Орион одложувајќи го нејзиниот многуочекуван тест-лет за уште неколку недели.

Илјадници летови се откажани. Синоптичарите велат дека ураганот Ијан се очекува да предизвика бури опасни по живот, катастрофални ветрови и поплави на полуостровот Флорида, како и значителни поплави, урбани и речни поплави додека ја преминува централна Флорида во среда вечерта и четвртокот пред повторно да се појави над западниот Атлантски Океан. Ијан, исто така, се очекува да донесе 60 сантиметри и во соседните држави Џорџија и Јужна Каролина.

Прес секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, во вторникот на Твитер објави дека претседателот Џо Бајден разговарал со гувернерот Де Сантис „за да разговара за чекорите што федералната влада ги презема за да и помогне на Флорида да се подготви за ураганот Ијан“. Претседателот Бајден издаде итна декларација за Флорида, овластувајќи ја Федералната агенција за управување со вонредни состојби да ги координира напорите за помош при катастрофи и да обезбеди повеќе федерално финансирање.

Ураганот се движи кон Флорида откако во вторникот премина на копно во Куба како бура од трета категорија. Невремето уби две лица и го остави целиот остров без струја, откако доцна во вторникот пропадна неговата застарена електрична мрежа, која се бореше да остане во функција во услови на тешка економска криза.

Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес.

XS
SM
MD
LG