Линкови за пристапност

Беким Сали: Рано е да кажеме дека пандемијата со Ковид-19 во Северна Македонија е надмината


Пандемијата со Ковид-19 во Северна Македонија не е завршена
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Министерот за здравство, Беким Сали во интервју за Гласот на Америка, рече дека пандемијата со Ковид-19, се уште не е завршена во Северна Македонија, иако американскиот претседател, Џо Бајден, неодамна на американската телевизија CBS, рече дека верува оти пандемијата е „завршена“, но призна дека САД сè уште имаат „проблем“ со вирусот.

„Се додека авторитети на светско ниво, кои се од здравствен аспект, не политички авторитети, се додека тие не кажат дека пандемијата е завршена и дека ковид-от треба да се смета како едно лошо искуство по сите здравствени системи во светот, ние не можеме да кажеме дека е замрена. Бидејќи сме отворена држава и комуницираме со сите останати држави и во регионот и во светот, имаме постојани патувања и движења на наши граѓани, така да никогаш не се знае. Ако се сеќавате Ковид-19 почна со еден инфициран, кој дојде од Австрија и потоа доживеавме пет бранови, со последици и многу тешки периоди за системот“, вели Беким Сали министер за здравство.

Засега, вели Сали, според манифестацијата на болеста во моментот, Ковид-19 може да го сметаме како сезонски грип.

„Во овој период смирена е ситуацијата со нови ковид-пациенти. Секојдневно добиваме податоци од Институтот за јавно здравје, за 70-80 нови инфицирани жители на државата, но според клиничката слика што ја добиваме за тие пациенти, можам да кажам дека ковидот веќе може да се смета за сезонски грип, затоа што нема последици, полесни форми се на манифестации на симптоми кај пациенти и засeга е смирено. Но, се додека постои, нашите капацитети се подготвени за справување со евентуален нов бран, што ние го поминавме во периодот јули и август месец, но сепак системот мора да биде подготвен. Не можеме да кажеме дека е надмината, дека ја нема веќе“, вели тој.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 во земјата од почетокот на пандемијата е 342.615, бројот на починати е 9.531, а бројот на активни случаи изнесува 374.

XS
SM
MD
LG