Линкови за пристапност

Новата амбасадорка на САД, Агелер, положи заклетва во Стејт Департмент


ВАШИНГТОН - Ангела Агелер положи официјална заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија на свечена церемонија во Стејт Департментот во Вашингтон. Таа во земјава доаѓа на местото на досегашната амбасадорка Кејт Мери Брнз.

Агелер е дипломат од кариера и во земјава треба да пристигне за околу еден месец, а последната дипломатска мисија пред Северна Македонија и била на позицијата заменик амбасадор во Пакистан.

На Агелер, која зборува македонски јазик, ова ќе и биде втор мандат како американски дипломат во Северна Македонија. Пред десетина години таа во амбасадата на САД во земјава ја извршуваше позицијата офицер за односи со јавност. Агелер на дипломатски мисии била и во американските амбасади во Париз, Њу Делхи, Ханој.

На сослушувањето на Сенатската комисија за надворешни работи, Агелер рече дека ќе работи на национална стратегија преку која ќе се бара одговорност од корумпираните актери во Северна Македонија

XS
SM
MD
LG