Линкови за пристапност

Бермудите се подготвуваат за ураганот Фиона кој се приближува


Американскиот национален центар за урагани денес издаде предупредување за урагани за Бермуди до петок, додека ураганот Фиана продолжува да се движи кон север.

Во својата најнова прогноза, центарот за урагани известува дека Фиона и понатаму е моќен ураган од четврта категорија, со максимални постојани ветрови од 215 километри. Според последниот извештај, бурата била на 735 километри југозападно од Бермудите.

И, додека Фиона нема директно да удри на островот, вршителот на должноста началник на центарот за урагани во Мајами, Ерик Блејк, изјави за новинската агенција Ројтерс дека на Бермудите сепак ќе бидат зафатени од бранови, бури, обилни врнежи и силни ветрови до петок.

До доцна во петок и рано во сабота, невремето најверојатно ќе помине над Нова Шкотска, островот Принц Едвард и западниот дел на Њуфаундленд во североисточна Канада, каде синоптичарите велат дека се очекуваат 7 до 15 сантиметри дожд, а локален максимум од 25 сантиметри.

Фиона помина низ тропските острови Порторико и Туркс и Каикос претходно оваа недела. На американската територија Порторико загинаа осум лица, а голем дел од Островот остана без вода и струја откако невремето го погоди островот во неделата и понеделникот.

По Порторико, Фиона ја погоди Доминиканската Република, каде што беа пријавени две жртви. Во Туркс и Каико, под британска контрола, официјалните лица пријавија прекини на струја и штети, но не пријавија смртни случаи или сериозни повредени.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG