Линкови за пристапност

Ураганот Фиона добива на сила движејќи се на патот кон Бермудите


Пунта Кана - Доминиканска Република
Пунта Кана - Доминиканска Република

Националниот центар за урагани НХЦ вели дека Фиона се движи кон север со 13 километри на час, со максимални ветрови од 210 километри на час, што ја прави бура од 4-та категорија на скалата од пет нивоа на центарот што ја мери максималната брзина на одржлив ветер на бурата и деструктивен потенцијал.

НХЦ вели дека Фиона ќе стигне до Бермудите доцна во четврток. Синоптичарите издадоа аларм за тропска бура за Бермуди.

Фиона во вторникот го зафати архипелагот Туркс и Каикос, кој е под британска контрола, со силни ветрови и поројни дождови. Властите издадоа наредба за воспоставување засолниште за населението од 38.000 жители додека невремето го погоди главниот остров Гранд Турк. Заменик-гувернерката Ања Вилијамс изјави дека Гранд Турк и уште четири острови се соочуваат со прекин на електричната енергија, но дека нема повредени или загинати.

Најмалку две лица загинаа во Порторико како последица на ураганот Фиона, меѓу кои и 70-годишен маж кој изгоре додека се обидувал да го наполни својот генератор со бензин додека работел.

Уште два смртни случаи беа пријавени во Доминиканската Република, каде Фиона се упати по Порторико. Невремето поплави патишта и автопати, предизвика затворање на пристаништата и плажите, а властите им порачаа на повеќето луѓе да останат дома. Меѓу жртвите има и маж убиен од паѓање на дрво и 18-годишна жена удрена од електричен столб што паднал додека таа возела мотоцикл.

На француската територија Гвадалупе е пријавена уште еден смртен случај..

Некои материјали во овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес.

XS
SM
MD
LG