Линкови за пристапност

Ураганот Фиона на пат кон Туркс и Каикос по „катастрофалната“ штета во Порторико


Ураганот Фиона се приближува кон островите Туркс и Каикос, додека претходно донесе обилни дождови во Порторико и Доминиканска Република.

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека Фиона станала голем ураган со максимални постојани ветришта од 185 километри на час и се очекува да зајакне во наредните денови.

Синоптичарите велат дека дождовите од невремето ќе продолжат да предизвикуваат поплави опасни по живот низ Порторико и источниот дел од Доминиканска Република со дополнителни 8 до 20 сантиметри воден талог.

„Штетата предизвикана на инфраструктурата, урбаните области и резиденциите е катастрофална“, изјави во понеделникот гувернерот на Порторико.

Тој истакна дека многу од областите се соочија со полоши поплави отколку тие во 2017-та година кога ураганот Марија ја опустоши територијата на островот.

Националната гарда спаси повеќе од 900 луѓе од поплавите и од лизгање на земјиштето.

Пријавени се најмалку два смртни случаи, а многу луѓе останаа без водоснабдување во Порторико. Властите соопштија дека електричната енергија била вратена на повеќе од 114.000 луѓе до понеделникот вечерта, откако бурата ја прекинала струјата низ островот.

Во Доминиканската Република, невремето предизвика затворање на пристаништата и плажите.

Синоптичарите велат дека очекуваат бурата да се приближи до Бермуди како ураган со поголема категорија доцна во четврток.

Некои материјали во овој извештај се од Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG