Линкови за пристапност

Бајден верува дека пандемијата е „завршена“


ВАШИНГТОН - Претседателот Џо Бајден во емисијаta „60 минути“ на американската телевизија Си Би Ес рече дека верува дека пандемијата е „завршена“, но призна дека САД сè уште имаат „проблем“ со вирусот што уби повеќе од еден милион Американци.

„Пандемијата заврши. Сè уште имаме проблеми и сè уште работиме многу на тоа, но пандемијата е завршена“, рече Бајден.

Владата на САД сè уште го назначува „Ковид-19“ за итна здравствена состојба, а Светската здравствена организација вели дека пандемијата останува итен случај за јавното здравје од меѓународен интерес.

Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација, на брифинг со новинарите минатата недела рече дека крајот на пандемијата е „на повидок“ и дека светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемија.

„Минатата недела, бројот на неделни пријавени смртни случаи од ковид-19 беше најмал од март 2020 година“, рече Гебрејесус. „Никогаш не сме биле во подобра позиција да ставиме крај на пандемијата. Сè уште не сме таму, но крајот е на повидок“.

Минатиот месец, Центрите за контрола и превенција на болести на САД го прилагодија своето упатство за ковид-19 за да ја поттикнат нацијата да ги тргне мерките како што се карантини и социјално дистанцирање и наместо тоа да се фокусира на намалување на тешката болест и да се превземат доколку се потребни мерки на претпазливост.

XS
SM
MD
LG